Денис Звиздиќ доби поддршка од Парламентот на БИХ

Парламентот на Босна и Херцеговина денеска ја потврди номинацијата на Денис Звиздиќ за премиер.

Звиздиќ беше предложен од Претседателството на БИХ, по постигнатиот договорот меѓу партиите, составени од мнозинството во Парламентот.

Тој досега беше на раководни функции во Владата и во Парламентот на Федерацијата БИХ. Звиздиќ е близок соработник и со лидерот на Партијата за демократска акција.

Во рок од еден месец, тој треба да предложи нови министри. Составот на Советот на министри, исто така, треба да биде потврден од Парламентот.

Звиздиќ пред Парламентот изјави дека негов приоритет ќе биде обновување на процесот за приближување кон ЕУ и кон НАТО, како и серија социјални и економски реформи.