Од денес е достапен ликот Лидија Собиеска во Текен 8

Станува збор за фиктивната каратистка Лидија Собиеска, која во светот на Текен е воедно и премиер на Полска

Tekken 8 Лидија Собиеска -скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Денес беше додаден нов лик во Текен 8 – фиктивната каратистка Лидија Собиеска која во светот на Текен е воедно и премиер на Полска. Ликот Лидија Собиеска е достапен само за играчите што ја купиле годинешната пропусница каде овој лик доаѓа во првата сезона на Текен 8. Пред Собиеска го додадоа мајсторот во капуера Еди Гордо, а по неа ќе биде додаден Хеихачи.

Погледнете го трејлерот за ликот: 

Ликот Лидија Собиеска го практикува традиционално карате и има агресивен стил. Најдобра карактеристика ѝ е тоа што вреднува фер борба. Таа употребува и многу ефикасни ниски удари ако противникот ги заслужи, односно ако неферски и тој ја удира со ниски удари.

Собиеска е лесен лик за почетници баш поради тоа што играчот лесно може да врзе континуирани напади кои се изведуваат едноставно. Сепак, таа е добар лик и за поискусни играчи кои навлегуваат во учењето долги комбинации на потези.

Лидија Собиеска првпат се појави како во Текен 7 во DLC-то на четвртата сезона. Ова е трејлерот од нејзината првична верзија:

Приказната за ликот е интересна, исполнета со успеси и трагедии. Нејзиниот дедо бил премиер на Полска, а кога таа имала 12 години нејзиниот татко бил убиен. На 16 години таа се запишала на Универзитетот за правни науки, а на 18 години победува на својот прв светски шампионат во карате. Потоа, на 21 година победува на своите први избори за време на дипломирањето, а на 29 години станува премиер на Полска.