Изграден потпорниот ѕид на градинката „Панорама“

Општина Центар ја заврши изградбата на потпорниот ѕид на градинката „Панорама“, клон на „Кочо Рацин“. Се наместија и канделабри, а сега поради безбедносни причини, се мести ограда на ѕидот.

Следната недела, како што велат од Општината, ќе се санира и урбаната опрема и дворот ќе се уреди хортикултурно.

Ѕидот, кој е долг 32 метра, а висок три метри, сега е вкопан во земја, за разлика од оној кој се урна пред една година, кој немаше лежиште и беше со дебелината од 15-20 сантиметри, што е недоволно за да може да го задржи земјиштето.