Големи предновогодишни попусти на сите платформи за игри

Скриншот од платформата Battlenet
Скриншот од платформата Battlenet

Моментално се во тек големите предновогодишни попусти за компјутерски игри каде со намалени цени може да се купат игрите кои многумина ги посакувале но не можеле да си дозволат да ги набават по првичните цени. На Steam на голем попуст се сите Assassin’s Creed(AC) игри кои наместо по 40-50 евра, основните верзии чинат околу 15 евра. Така што, ако не сте ја изиграле „Одисеја“ ова ви е шанса да ја купите на платформата каде со секое купување на AC игра добивате и плус „клуч“ (CD key code)  за истата игра на Uplay каде преку „ачивменти“ истовремено собирате и награди и попусти за другите AC игри. 

Друг голем попуст моментално е во тек на Battle.net платформата на Blizzard каде попустите се и до 67% до трети јануари 2022 година. Покрај обновената Diablo 2 Resurrected и World of Warcraft Shadowlands на Blizzard се поевтини и другите сервиси како бонус содржини. Така, попуст има и на „минипетови“, „маунти” и на префрлање карактер на друг сервер или менување на расата или фракцијата на WoW. Така што ако сте „заглавиле“ со вашиот главен лик на сервер со ниска популација и сакате да го префрлите на понаселен сервер или едноставно одамна сте сакале ликот да ви е друга раса или фракција сега е шансата тоа да се направи со голем попуст. 

Најинтересниот попуст го сочувавме за крај, тоа е попустот на Epic Games каде повеќето игри вклучувајќи ги и поновите се од 50 до 75% попуст. Epic Games даваат по една игра секој ден до завршувањето на католички Божик односно до 25ти декември. Досегашните игри на оваа промоција не беа баш привлечни така што не сте пропуштиле некоја важна игра. Освен можеби повторениот „гивавеј“ на „Remnant: From the Ashes” што е одлична игра за играње со друштво. Никој не знае кои ќе бидат следните игри и дали ќе има попознати наслови, но постои можност да дадат и некоја подобра игра.