Голем гејмин настан следниот викенд во East Gate Mall во Скопје

Слика А1 Game Fest

На 10 и 11 декември (петок и сабота) ќе се одржи голем гејминг настан во новиот трговски центар East Gate Mall во Скопје. Настанот го организираат A1 и GG.MK, а ќе вклучува натпревари во CS:GO, DOTA 2, Tekken 7 и е-фудбал како и Cosplay настан.

Kако на претходниот ваков настан што се одржа во City Mall, влезниците може да се резервираат онлајн. Како што најавуваат организаторите, настанот ќе се одвива со сите мерки и протоколи за заштита од ковид-19. Пријавувањата на тимовите и индивидуалните играчи за учество на натпреварите се во тек. 

Покрај паричните награди, за оние кои ќе се натпреваруваат и ќе победат се ветува дека ќе има изненадувања во вид на giveaway и за гледачите кои ќе присуствуваат на настанот. Ќе има и стрим во живо со коментатори за да можете да го следите настанот и од удобноста на вашиот дом.