Фернандо Алонсо пренесен во болница по несреќа на патеката Каталуња

Возачот на тимот на Мекларен во Формула 1, Фернандо Алонсо, доживеал несреќа за време на денешното тестирање на патеката Каталуња во близина на Барселона, но, според официјални претставници на тимот, тој бил во добра состојба.

Како што пренесуваат медиумите, Алонсо удрил во заштитна ограда на патеката додека излегувал од свиок со брзина поголема од 200 километри на час.

Од тимот подоцна на „Твитер“ објавиле дека Алонсо бил во свесна состојба, зборувал и дека со хелихоптер е префрлен во болница на дополнителни испитувања.

Сè уште се испитува дали причина за несреќата е грешка на возачот или станува збор за проблем со болидот.