Новото аниме Terminator Zero излегува на Netflix на 28 август, иако приказната не е многу откриена има шпекулации како ќе се одвива. Но, сличноста во стилот со Ghost in the Shell е видлива. Ќе обработува персонификации на актуелни теми од кои најактуелната е развојот и екстремите што може да ги достигне Вештачката интелегенција во мрачна иднина и фантазиски контекст.
Што се однесува до успешноста на оваа франшиза, најдобар и најгледан филм е Terminator 2. Каде се користише и музика од рок групата “Guns And Roses”, а Арнолд Шварценегер глуми во улогата од филмот и во спотот за песната “You Could Be Mine”:
Последно успешно популаризирање на песни од “GNR” има во марвел филмот “Thor Love and Thunder”.
Арнолд Шварценегер и Линда Хамилтон се заштитните лица на серијалот филмови. Од кои има досега 6 дела а седмиот е во изработка. Првично, иако планот на режисерот Џејмс Камерун е овие актери да не се појават во Терминатор 7, сепак е најавено тдека Арнолд Шварценегер ќе игра во филмот.
Филмот е начелно најавен да излезе годинава, а анимето изглегува на 28 август. Да се надеваме дека во оваа франшиза сепак ќе има “нешто ново” што се однесува до веќе раскажаната приказна по сто пати. Публиката е скептична, но сепак мора да се остави простор и за пријатно изненадување.