Во Тетово се воведува зонско паркирање

Општинските власти ги почнаа подготовките за воведување зонско паркирање во Тетово. На неколку булевари се обележуваат местата за паркирање со бела боја.

Во рамки на спроведување на зонското паркирање во зона А и Б, Општина Тетово апелира граѓаните да бидат кооперативни и одговорни, придонесувајќи за што побрза реализација на овој проект, односно автомобилите да не се паркираат во близина на местата што се обележуваат за зонско паркирање.

Со спроведувањето на овој проект, се очекува да се намали сообраќајниот метеж во градот, да се зголеми употребата на алтернативен транспорт, да се подобрат условите за движење на возилата на итните служби, како и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.