Мотоциклист од Охрид загинал кога удрил во паркиран автобус


Охрид, 6 август, 2018 - 12:51 (META) 

Во сообраќајна несреќа кај охридското село Косел, вчера животот го загубил 32-годишниот охриѓанец Љ.Ј., соопшти СВР Охрид.

Несреќата се случила околу 17.15 часот на магистралниот пат Охрид – Ресен, кај Косел. Сега загинатиот охриѓанец управувајќи мотоцикл „јамаха“ удрил во задниот дел на паркиран автобус „мерцедес“ со кочански таблички и го загубил животот.

Полицијата извршила увид заедно со Јавен обвинител, а телото на починатиот со наредба од обвинителот е предадено за обдукција.


Полицијата и семејството трагаат по исчезнатиот 48-годишен охриѓанец


Охрид, 7 јуни, 2016 - 14:24 (META) 

Полицијата и семејството веќе четврти ден безуспешно трагаат по исчезнатиот охриѓанец Ристе Алексиески, кој заминал да бере печурки и не се вратил дома.

Излегол од дома и се упатил на автопатот Охрид – Скопје, во делот од селото Мешеишта, кон селото Климештани.

Последен пат е виден во 12.30 часот покрај автопатот меѓу двете села.

Исчезнатиот Ристе Алексиески (48) е висок околу 170 сантиметри и тежок околу 65 килограми.

Облечен бил во потемна облека (црни или тегет тренерки, темна маица, односно блуза и со темна капа).

Семејството ги замолува граѓаните доколку имаат каква било информација да контактираат со нив преку телефонските броеви: 075/229-740; 072/768-562; 076/777-390.


Исчезнатиот охриѓанец пронајден мртов во кампот „Партизан“


Охрид, 18 февруари, 2016 - 9:51 (META) 

Без видливи повреди и траги на насилство, пронајдено е безживотното тело на 49-годишниот охриѓанец Есад М. кој беше пријавен и се водеше за исчезнат од седми овој месец.

Телото е пронајдено во кампот „Партизан“, во населбата Воска во Охрид, во близина на местото каде и беше забележан последен пат .

Според наводите во пријавата поднесена од неговиот брат, сега починатиот последен пат бил забележан на втори февруари годинава, а неговото место на живеење било во камп-приколка од Феријалниот сојуз во населбата Воска.

По наредба на јавен обвинител, во текот на денешниот ден врз безживотното тело ќе биде извршена обдукција во судска медицина при Медицинскиот центар во Битола.


Охриѓанец починал во казино во Струга


Охрид, 6 февруари, 2016 - 14:44 (META) 

Охриѓанец, на 54 години, чиј идентитет не се соопштува, починал во казино во Струга.

Вработена во казиното, во полициската станица во Струга, пријавила дека мажот, играјќи на еден од апаратите, наеднаш паднал на подот во бесознание.

Со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Струга, каде што е констатирана смрт без траги на насилство.

Од полицијата го потврдија случајот, но не соопштуваат повеќе детали.