Муса Џафери бара нова анализа за спроведувањето на Рамковниот договор

Анализа со нов пристап за имплементацијата на Охридскиот договор најави денеска вицепремиерот за спроведување на Охридскиот рамковен договор, Муса Џафери, на седницата на Комитетот за односи меѓу заедниците.

За 15 јули, тој најави средба на која претставници на повеќе институции и на засегнатите страни ќе го кажат своето мислење во врска со имплементацијата на Охридскиот договор.

Според пратениците на ДПА, нема реализација на Охридскиот рамковен договор и тој воопшто не почнал да се реализира. Документот е само потпишан.