Македонија Од понеделник нови измени во возниот ред на патничките возови

Од понеделник нови измени во возниот ред на патничките возови

Фото: Архива на Мета.мк

По скратувањето на полицискиот час во земјава, Железници -Транспорт направи нови измени во возниот ред на патничките возови, кои стапуваат на сила од полноќ на 27 април (понеделник). Со направените измени и понатаму нема да сообраќаат возови на релациите Скопје-Табановце-Скопје, Скопје-Кичево-Скопје и Скопје-Кочани-Скопје.

Меѓу Скопје и Гевгелија ќе сообраќаат два воза дневно, со поаѓања од главниот град во 6:23 и 15:24 часот. Од Гевгелија за Скопје ќе има поаѓања на возовите во 5:40 и 15:10 часот. На релацијата кон Битола, возовите од Скопје ќе поаѓаат во 6:57 и 14:30 часот. Од Битола за Скопје ќе има возови во 6:00 и 12:51 часот. Утринските возови од Битола и Гевгелија ќе сообраќаат од вторник до сабота, додека од главниот град возовите ќе сообраќаат од понеделник до петок.

Воедно, во работните денови на релацијата Скопје-Велес-Скопје ќе сообраќаат три пара патнички возови, со поаѓања од главниот град во 5:45, 9:15 и 13:20 часот. Од Велес овие возови ќе поаѓаат во 6:30, 12:10 и 14:24 часот.

Во сабота единствено ќе сообраќаат утринските возови од Гевгелија и Битола за Скопје, со поаѓања во 5:40 часот од Гевгелија и во 6:00 часот од Битола. Планот за сообраќај на патничките возови е направен во согласност со забраната за движење на населението од 19 до 5 часот во работни денови, како и од 15:00 часот во сабота до понеделник во 5 часот наутро.