Македонија Од Кина пристигна помош во тестови и заштитна опрема

Од Кина пристигна помош во тестови и заштитна опрема

Вицепремиерот Бујар Османи преку Фејсбук објава информираше дека пристигнала хуманитарна помош од Кина.

“Пристигна и последната пратка од кинеската помош во тестови и лична заштитна опрема. Со амбасадорот одржавме онлајн пресконференција“ – напиша Османи.

Вицепремиерот е во домашна изолација откако беше на средба со кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, за кој се потврди дека е позитивен на корона вирусот.