fbpx

Филипче, Спасовски и Османи одат во 14 дневна самоизолација

-

Членовите на Владата кои вчера беа присутни на состанокот на кризниот штаб во Куманово, од денеска ќе бидат 14 дена во самоизолација, и покрај тоа што ги почитувале протоколите за заштита и носеле заштитна опрема.

„По информацијата дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски е позитивен на Ковид-19, а кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово, информираме дека премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбер Адеми и државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев, кои присуствуваа на состанокот, во моментов одат во домашна изолација“, соопштија од Владата.

Моментално се прават епидемиолошки проценки во Куманово од локалниот Центар за јавно здравје и се анализираат контактите на градоначалникот Димитриевски. Во текот на денот, како што информира Владата, ќе се утврди колку и кои други лица ќе треба да останат во 14-дневна изолација. „Во Скопје започнаа анкетите од Институтот за јавно здравје со сите членови во Владата кои беа присутни на состанокот, по што ќе биде дадена епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување“, извести Владата, додавајќи дека работата на Владата продолжува редовно да се одвива преку дигиталните алатки за комуникација и за одржување состаноци.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...