fbpx

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на корона вирусот

-

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски е заразен со корона вирусот.
Тој ја објави оваа информација на својот Фејсбук профил.

“Почитувани сограѓани, драги пријатели, сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги сограѓани помеѓу кои сум и јас“ – пишува во објавата на Димитриевски.

Тој повика на воздржаност, дисциплина, како и почитување на мерките и препораките за социјална дистанца.

По средбата што ја имаа вчера со Димитриевски и Општинскиот кризен штаб, премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство се очекува тие да се во самоизолација. Инаку, тројцата не дојдоа на седницата на Советот за безбедност што ја организира претседателот Стево Пендаровски.

Ова е трет случај на државен функционер што е позитивен на корона вирус. Од вирусот заразени се пратеничката Кети Смилеска и градоначалникот на Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...