Галерија Новите амандмани на Уставот објавени во „Службен весник“

Новите амандмани на Уставот објавени во „Службен весник“

Амандманите од 33 до 36, заедно со Уставниот закон за нивно прогласување, коишто со 81 глас „за“, беа усвоени на 75-тата седница на Собранието во петокот, се објавени во 6-от број на „Службен весник“ во оваа година, односно на 12 јануари 2019 година.

Со овие измени на Уставот, името на земјава по стапувањето на сила на Преспанскиот договор ќе биде Република Северна Македонија. Преспанскиот договор ќе стане официјален откако ќе биде ратификуван во Парламентот на Грција.