Македонија Комисијата за заразни болести дала предлог до Владата да се воведе ПЦР...

Комисијата за заразни болести дала предлог до Владата да се воведе ПЦР тест за граѓаните од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора

Извор на фотографија: Влада на РСМ (јули 2020)

Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук-профил информираше дека Комисијата за заразни болести утрово одржала состанок на кој донела одлука да достави предлог до Владата, од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа.

„Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји. Оваа препорака, Комисијата ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување,“ напиша Филипче.