Економија Во викендите повторно експресен воз Гевгелија – Солун

Во викендите повторно експресен воз Гевгелија – Солун

Повторно е воспоставен патничкиот железнички сообраќај помеѓу Македонија и Грција, но само за викендите.

Како што стои во информацијата од Министерството за внатрешни работи, патничкиот железнички сообраќај со Грција, кој досега беше во прекин, вчера е обвновен, ќе се одвива само во текот на викендите.

Во работните денови, од понеделник до петок, експресните возови од Гевгелија кон Солун и обратно нема да сообраќаат, туку начинот на превоз на патниците ќе се одвива како и досега – со автобуси.