Свет Европа Трета ноќ протести во Париз против реформите на пазарот на труд

Трета ноќ протести во Париз против реформите на пазарот на труд

Стотици демонстранти ноќеска простираа на Плоштадот на Републиката во Париз против реформите на пазарот на труд, што француските власти сакаат да ги спроведат, јавуваат светските агенции. Толпата, која трета ноќ по ред протестира во центарот на Париз, си заминала утрово по интервенцијата на полицијата.

На синдикатите и студентските организации, кои во четвртокот, оваа недела, стапија во генерален штрајк поради најавените реформи им се придружиле и стотина граѓани, кои бараат од социјалистичката влада на претседателот Франсоа Оланд да ги отфрли предложените закони.

Полицијата рано утрово ги растерала неколкуте десетици најупорни учесници на протестите, а нешто подоцна на официјалниот профил на демонстрантите на „Твитер“ била поставена пораката „Ништо не може да не запре“.