Дописници Тесна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, СДСМ победи во Кочани

Тесна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, СДСМ победи во Кочани

Фото: Арбнора Мемети

Првичните неофицијални партиски резултати од предвремените парламентарни избори во источниот дел на земјава покажуваат тесна победа на коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Штип.

Според актуелниот распоред на гласовите во Штип, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освоила 10.122 гласови, СДСМ – 10.010, Левица – 1.204, ГДУ – 601, Интегра – 346, ДУИ – 187, МОРО – Работничка партија – 125,  Глас за Македонија – 121, СДУ – 58, Единствена Македонија – 46, Алијанса на Албанците – 49, Партијата Демократи – 39, ДПА 21. Има и 887 неважечки ливчиња.

Во Изборната единица број три, според партиските податоци, СДСМ победува во Берово, Делчево и Кочани, додека ВМРО-ДПМНЕ освоила победа во Македонска Каменица, Свети Николе и Пехчево.