сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Делчево | 24 резултати

Делчево прогласи природна непогода од град и од поплави

јуни 9, 2023

Природна непогода од поплави и град прогласи Советот на Општина Делчево на денешната вонредна седница, по невремето проследено со силни врнежи од дожд и град што вчера попладне го зафати овој источномакедонски град. Поројниот дожд поплави голем дел од подрумските простории на куќи и други објекти во градот и предизвика тешкотии во сообраќајот, уништувајќи и […]

Од картичката на дедо, 18-годишник од Делчево потрошил речиси 500.000 денари на купување и игри

декември 9, 2022

Осумнаесетгодишник од Делчево заработи кривична пријава поради постоење на сомнение дека ја злоупотребил картичката на неговиот дедо, поради тоа што со неа плаќал за игри и вршел купувања. Со ова, момчето го оштетило дедо му за сума од над 468.000 денари. Во соопштението на Секторот за внатрешни работи Штип (СВР Штип) стои дека осумнаесетгодишникот ги […]

Судир на македонски камион со автомобил по исклучување од автопатот „Струма“ однесе човечки живот

јануари 21, 2022

Речиси два месеца по тешката трагедија на автопатот „Струма“ во Бугарија, кога во пожарот на автобусот на скопската агенција „Беса Транс“ загинаа 45 патници, овој автопат повторно е во вестите поради тешка сообраќајка во која згасна еден човечки живот. Како што јави Бугарската национална телевизија (БНТ), синоќа околу 20 часот во непосредна близина на клучка […]

Обвинителството проверува изборен поткуп во Делчево

октомври 30, 2021

Основното јавно обвинителство информира дека постапува по дојава за изборен поткуп во Македонска Каменица. „Основното јавно обвинителство Делчево постапува по примено известување дека на 29.10.2021, во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, кандитат за советник дал 1000 денари на лице со избирачко право за да гласа за определена политичка партија“, наведно е во соопштението. […]

ЦУК: Пожарот кај Делчево доби нови жаришта, гори и кај Велес, Берово и во село Буковиќ

август 8, 2021

Пожарот во делчевскиот регион од синоќа доби нов интензитет и се прошири на две нови жаришта, селата Разловци и Тработивиште. Денеска таму ќе дејствуваат силите на Армијата, МВР, вработени во јавното комунално претпријатие од Делчево, информираат во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму додаваат дека пожарот во село Будинарци е активен и се проширува […]

Пожарите зафатија илјадници хектари, речиси 700 лица ги гасат, ЕУ испраќа дополнителна помош

август 5, 2021

Ветерот којшто засилено дува во моментов во земјава, пропратен со високите температури и сушното време, продолжува да прави проблеми во гаснењето на пожарите низ земјава. Центарот за управување со кризи, според податоците заклучно со 13 часот денеска, информира дека актуелните пожари во Штипскиот, Струмичкиот, Битолскиот, Охридскиот, Тетовскиот и Кумановскиот регион досега уништиле над 4.000 хектари […]

Хеликоптери на Армијата го гасат пожарот над Пасјак, граничниот премин „Богородица“ по пожарот повторно во функција

август 4, 2021

Со хеликоптери од АРСМ од утрово се гаси пожарот на најкритичната точка над Пасјак во село Нов Истевник во Делчевско. Воздушната поддршка во гаснењето на големиот пожар, кој е активен 48 часа на планината Средна. „Активно во гаснењето на пожарот се вклучени 90 припадници на АРСМ, припадници на Граничната полиција, просторните сили на Општина Делчево […]

Тесна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, СДСМ победи во Кочани

јули 16, 2020

Првичните неофицијални партиски резултати од предвремените парламентарни избори во источниот дел на земјава покажуваат тесна победа на коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Штип. Според актуелниот распоред на гласовите во Штип, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освоила 10.122 гласови, СДСМ – 10.010, Левица – 1.204, ГДУ – 601, Интегра – 346, ДУИ – 187, МОРО […]

Македонија има град именуван по Гоце Делчев, само бугарскиот националист Валери Симеонов не знае

февруари 12, 2020

Валери Симеонов е  политичар во Бугарија, претседател на „Национален фронт за спас на Бугарија“ (НФСБ) и претседател на националистичката коалиција „Обединети патриоти“ во бугарскиот парламент. По ставовите кон Македонија е ист или дури и поагресивен од Красимир Каракачанов. Го негира постоењето на македонската нација и сегменти на историјата на македонскиот народ. Во изјава за бугарската […]

Економските миграции како погодна тема за медиумски манипулации

ноември 12, 2019

Една од темите која е чест предмет на медиумски манипулации на Балканот, а особено во Северна Македонија е степенот на иселување кон земјите на Европска Унија. Проверките на факти на „КриТинк“ откриваат низа примери за тоа како непрофесионалното известување за оваа тема се користи за создавање лажна и претерано негативна слика, чија последица е слабеење […]

Владината помош не ги одблокира Берово и Делчево

мај 17, 2019

Се бројат деновите до 30 јуни, до кога општините треба да се раздолжат со парите што ги добија од владата од државниот Буџет. Двете општини на крајниот македонски исток, Берово и Делчево, со години се блокирани и работат со месечен лимит определен од судот. Меѓутоа, овие две општини, се чини и натаму ќе останат блокирани […]

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево остана без уште еден советник

октомври 9, 2018

Советникот од ГРОМ, Вице Стоиловски, дел од локалната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Советот на Општината Делчево, соопшти дека ја напушта коалицијата. Стоиловски поднесе и изјава до претседателот на делчевскиот Совет, Драган Маневски, во која наведува дека во иднина во Советот ќе делува како независен советник. Стоиловски е втор советник од делчевскиот Совет […]

УСАИД превенира урбани поплави во Делчево

февруари 16, 2017

Мисијата на УСАИД во Делчево го одбележа завршувањето на мерката за намалување на ризикот од урбани поплави во Милково Брдо. Оваа мерка беше завршена како дел од учеството на општината во Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведен од „Милиеуконтакт Македонија“. Од мисијата на УСАИД информираат дека пилот проектот вклучувал изградба на […]

Народот ќе каже „не“ на сценариото на Заев, порача Груевски

декември 6, 2016

„Сите ние поминавме еден тежок период и сценарио од страна на СДСМ, а сега веќе сè е јасно, народот ќе каже „не“ на сценариото на Заев кое предвидува промена на уставноста, јазикот, федерализација и кантонизација на државата,“ изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот на Коалицијата за подобра Македонија вечерва од Делчево. Тој додаде дека […]

Дождот го отсече делчевско Разловци од светот

ноември 9, 2016

Наjголемото делчевското село Разловци остана без единствениот премин што води кон градот и околните места. Интензивните дождови изминатата ноќ го однесоа привремениот премин по кој поминуваа жителите. Во водите останаа заглавени два автомобила, а во калта остана и еден трактор. Претпладнето се влечеа возилата од реката. Мостот кон Разловци не се употребува од февруари годинава, кога […]

Изградбата на експресниот пат Кочани – Штип ќе почне во јуни

март 21, 2016

Изградбата на новиот експресен пат Кочани – Штип ќе почне во јуни. Должината на патот ќе изнесува 26 километри, а вредноста на проектот е 53,4 милиони евра. Ова денеска го најави техничкиот премиер Емил Димитриев, кој беше во работна посета на Кочанско. Освен експресниот пат до Штип, од Кочани до Македонска Каменица и до Делчево ќе […]

Загина тракторист од Делчево

јуни 6, 2015

Дваесет и едногодишниот Дарко Т. од Делчево вчера загина во тракторска несреќа. Како што соопшти МВР, возејќи низ шумски пат кај месноста Киселица, на планината Огражден, од лежиштето на тракторот со кој управувал Дарко Т., а чиј сопатник било 16-годишно момче од село Василево, излегло предното лево тркало. Момчињата го информирале сопственикот на тракторот за […]

Груевски: Македонија има пораст од 223 проценти по бројот на новоотворени работни места

мај 30, 2015

Македонија е на прво место со пораст од 223 проценти според бројот на новоотворени работни места по жител во Европа, а втора е Словачка со пораст од 128 проценти или речиси двојно помалку, изјави премиерот Никола Груевски, прашан за коментар за последниот извештај на „Ернст енд Јунг“ во кој се анализираат 43 земји во Европа во поглед на […]

Реконструирано киното во Делчево

февруари 5, 2015

Во Делчево повторно ќе биде ставено во функција киното кое со финансиска поддршка на Министерството за култура, од околу два милиони денари, лани беше реконструирано и доби нова фасада, нова покривна конструкција и уредени санитарни јазли. Министерката Елизабета Канческа-Милевска вчера ја посети Општина Делчево и кино-салата, која е во надлежност на Центарот за култура „Никола Јонков […]

Вработените во делчевската гимназија се без плата – нема кој да потпише

ноември 4, 2014

Училишниот одбор на делчевската гимназијата „Методи Митевски – Брицо“ синоќа не успеа да го реши проблемот со разрешувањето на претходниот директор и со назначувањето нов в.д. директор. Вработените во гимназијата, поради овој проблем, сè уште ја немаат примено септемвриската плата. Училишниот одбор вчера ја завршил седницата без да постигне договор. Според Ванчо Новоселски, член на […]

Страна 1 од 1