Свет Балкан Службеници на српската амбасада во Либија, убиени во воздушните напади на САД

Службеници на српската амбасада во Либија, убиени во воздушните напади на САД

Двајца службеници на српската амбасада во Либија, кои беа киднапирани на почетокот на ноември минатата година, во градот Сабрати, најверојанто се убиени во воздушните напади на војската на САД на база на Исламска држава (ИД) во тој град, изјави денеска на вонредна прес-конференција, шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ.

„За жал, вчера попладне добивме инфромации дека во тој напад настрадале повеќе странски државјани, меѓу кои и двајцата службеници на нашата амбасада. Информацијата сè уште не е официјално потврдена од либиските органи. Се очекува идентификацијата, не можеме со сигурност да потврдиме, но добивме фотографии кои укажуваат на тоа дека информацијата најверојатно е точна“, изјави Дачиќ на прес-конференцијата.

Тој нагласи дека Србија ќе бара објаснување од властите на САД и на Либија како дошло до трагичните последици и ќе инсистира на утврдување на одговорност.