Свет Шеесет масовни гробници откриени во Мексико

Шеесет масовни гробници откриени во Мексико

Шеесет масовни гробници биле откриени во јужната максиканска држава Гвереро, за време на потрагата по 43 студенти што беа киднапирани минатиот септември, пренесува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на „Асошиејтед прес“.

Од канцеларијата на јавниот обвинител соопштиле дека во масовните гробници се најдени телата на 129 лица, но ниту едно од нив засега не се поврзува со студентите што исчезнаа во Игуала.

Според информациите, телата откриени во гробниците им припаѓаат на 112 мажи и на 20 жени, додека за другите засега нема информации.

Необележаните гробови биле откриени во текот на потрагата по 43 студенти.

Според мексиканската влада, студентите од колеџот за наставници во Гвереро патувале за Игуала на протести, кога биле пресретнати од полицијата, а потоа предадени на членови на нарко-банда, која ги убила и ги запалила нивните тела.