Македонија Приведен Емил Јакимовски, кој им се закануваше на новинарките Мери Јордановска и...

Приведен Емил Јакимовски, кој им се закануваше на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска

Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар кој изминатиов викенд упати закани и навреди кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, е приведен и во моментов со него се води разговор во полициска станица, потврдија од МВР за „Мета.мк“.

Според информациите, тој бил приведен поради пријава против него за семејно насилство и полицијата соработува со Основно јавно обвинителство – Скопје, и речиси е сигурно дека ќе биде задржан во притвор.

Откако новинарките алармираа за навредите и заканите, директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска – Јанковски му врачи отказ на Јакимовски поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор.

„Емил Јакимовски ги повредил и прекршил одредбите од неговиот Договор за вработување според кои иако вработениот задолжително треба да го чува, сепак не го чувал угледот на работодавачот“ објави директорката на Централниот регистар.

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.