fbpx
Таг: Емил Јакимовски

таг: Емил Јакимовски

Јакимовски, кој им се закануваше на новинарките, доби затворска казна и препорака за психијатриско лекување

Основниот кривичен суд изрече затворска казна на заканувачот Емил Јакимовски на една година и осум месеци, но претходно треба да биде на задолжително лекување во психијатриската болница во Бардовци поради утврдено психичко растројство. Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба. Oбвинителството поднесе обвинителен предлог против него за продолжено кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 2...

Обвинителство бара продолжување на притворот за Емил Јакимовски и поднесе обвинителен предлог

Основното јавно обвинителство - Скопје до Кривичниот суд достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за Емил Јакимовски, кој им упати навреди и закани на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска. Од ОЈО сметаат дека постои реална можност тој да се даде во бегство за да ја избегне кривичната одговорност. Јакимовски од 18 јануари се наоѓа во...

Приведен Емил Јакимовски, кој им се закануваше на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска

Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар кој изминатиов викенд упати закани и навреди кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, е приведен и во моментов со него се води разговор во полициска станица, потврдија од МВР за „Мета.мк“. Според информациите, тој бил приведен поради пријава против него за семејно насилство и полицијата соработува со Основно јавно обвинителство - Скопје,...

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...