Македонија Нови 127 случаи на ковид-19, починаа 5 лица, а оздравени се 95...

Нови 127 случаи на ковид-19, починаа 5 лица, а оздравени се 95 пациенти

Во последните 24 часа направени се 1.574 тестирања и регистрирани 127 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-43, Куманово-11, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-4, Струга-5, Велес-1, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-10, Гевгелија-3, Струмица-5, Крива Паланка -5, Кочани-2, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Пехчево-3, Берово-3, Делчево-7, Кратово-1, Кичево-2, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму информираат дека во болнички услови починаа 5 лица, пациентка од Куманово (61г), пациент од Штип (81г) и двајца пациенти од Гостивар (76г и 81г) и еден пациент од Прилеп (53г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациент од: Скопје-37, Штип-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци -1, Гостивар-14, Крива Паланка-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-3, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-3, Кичево-2.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти, каде вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. Нема пациенти на механичка вентилација, а 47 се на кислородна поддршка.

Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.998, а бројката на оздравени пациенти е 12.149. Починаа 614 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.235.