Македонија МЗ: Сите што се тестирани денеска, немаат корона вирус

МЗ: Сите што се тестирани денеска, немаат корона вирус

Министерството за здравство информираше дека резултатите на сите кои денеска се тестирале за заразеност со корона вирус се негативни, односно лицата не се заразени.

Претпладнево за корона вирус било тестирано едно лице кое на 7 март пристигнало во земјава од Германија, како и осум лица поврзани со првата заболена пациентка од Скопје – сопатници и блиски контакти, кои во изминатите две недели беа во домашна изолација.

Патниците од Струмица кои исто така поминаа 14 дена во домашна изолација, а пристигнаа со првата заболена пациентка ќе бидат тестирани утре.

Бројката на заболени со корона вирусот вчера се искачи на 9.