Свет Балкан Кацин: Компромисот на Македонија и Грција во регионот треба внимателно да се...

Кацин: Компромисот на Македонија и Грција во регионот треба внимателно да се проучува

Без разрешување на сите билатерални спорови нема да има понатамошно проширување во Западниот Балкан, во изјава за „Јуропиан Вестерн Балканс“ порачува Јелко Кацин, постојан претставник на Словенија во НАТО и поранешен известувач во Европскиот парламент за Србија и Црна Гора.

Одлуката Република Северна Македонија да го смени името е резултат на историски политички договор, нагласува тој.

– Тоа е политички компромис што треба внимателно да се проучува од другите земји во регионот што се уште не ги разрешиле сите билатерални проблеми со соседите што избија по распаѓањето на поранешна Југославија  – вели Кацин.