Свет Балкан Грција ја продаде Пиреjа за 1,5 милијарда долари

Грција ја продаде Пиреjа за 1,5 милијарда долари

Грција денеска потпишува договор за продажба на 67 отсто од пристаништето Пиреjа на кинеската компанија КОСКО. Договорот со кој владата го предава мнозинскиот дел од акциите на КОСКО за стопанисување со најголемото пристаниште во државата, ќе се потпише во кабинетот на премиерот Алексис Ципрас во текот на денот. Со ова и официјално се приватизира атинското пристаниште.

Кинеската компанија ќе плати 1,5 милијарда долари со што се обврзува да стопанисува и да инвестира во пристаништетото до 2052 година, до кога има концесија за Пиреjа.

Процесот на приватизација ќе се одвива во две фази. Во првата, КОСКО ќе исплати 280,5 милиони евра во грчкиот фонд за приватизација ТАИПЕД, со што ќе добие 51 отсто од акциите во пристаништето. Во следните пет години кинеската компанија ќе исплати уште 88 милиони евра со што ќе го добие останатиот дел од акциите и ќе стане сопственик на 67 отсто од акциите на пристаништето.

Кинеската компанија ќе исплати и 350 милиони евра во инвестиции за следните 10 години, 410 милиони евра за трошоците на грчката администрација за договорот за приватизација.