Свет Европа ЕК: Нема нови предлози за Грција

ЕК: Нема нови предлози за Грција

Европската комисија нема да ѝ претстави нови предлози на Грција од името на меѓународните кредитори на Атина, изјави портпаролката на ЕК, Мина Андреева.
Комесарот за економски и за монетарни прашања на Европската унија, Пјер Московиси, претходно изјави дека Комисијата денеска ќе излезе со нови предлози за Грција.
Прес-службата на ЕК вчера соопшти дека Јункер денеска ќе одржи прес-конференција за Грција во Брисел.