Свет Балкан Двајца полицајци убиени во бомбашки напад во Турција

Двајца полицајци убиени во бомбашки напад во Турција

Двајца полициски службеници се убиени, а најмалку 14 други, меѓу кои и неколкумина цивили, се повредени во експлозија на автомобил-бомба, што се случила рано утрово во југоисточниот дел на Турција, јавуваат светските агенции.

Турските официјални власти соопштуваат дека зад нападот стојат милитанти на Курдската работничка партија (ПКК).

Засега никоја не ја презел одговорноста за нападот.

Бомбашкиот напад, како што пренесуваат медиумите, се случил во градот Нусајбин, во провинцијата Мардин, во близина на границата со Сирија.

Експлозијата одекнала во реонот каде се наоѓа полициската станица и станбениот полициски комплекс, на кој имало големи оштетувања.

Најмалку четворица од повредените лица се во критична состојба.