Свет Балкан Билт: „Тешкашите“ од ЕУ треба да се вклучат во решавањето на спорот...

Билт: „Тешкашите“ од ЕУ треба да се вклучат во решавањето на спорот за името

Во решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција треба да се вклучат силните членки на Европската Унија, за да се избегне колапс на стратегијата на ЕУ за Балканот, смета ко-претседавачот на Европскиот совет за надворешни работи и поранешен шеф на шведската дипломатија, Карл Билт.

„Мислам дека ќе треба силна посветеност на силните земји-членки и на институциите на Европската Унија за да се постигне компромис за името на Македонија. Без тоа, стратегијата на ЕУ за Балканот ризикува да доживее колапс“, напиша Билт на својот твитер-профил, споделувајќи текст на грчкиот весник „Катимерини“ за вчерашните протести во Атина.