Свет Балкан Ахмети, Тачи, Касами и Села на постизборна средба со албанскиот премиер Рама

Ахмети, Тачи, Касами и Села на постизборна средба со албанскиот премиер Рама

Албанскиот премиер Еди Рама се сретна со лидерите на албанските партии во Македонија, односно со претседателите на Движењето Беса и на Алијансата на Албанците, Билал Касами и Зијдин Села, а за денеска се закажани средби и со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Средбите на Рама со лидерите на четирите партии следуваат два дена по парламентарните избори во Македонија, на кои овие партии обезбедија мандати во Собранието.

На средбите се очекува Рама и четворицата лидери да разговараат за развојот на настаните по парламентарните избори.

Албанскиот премиер во дел од својот вчерашен говор исто така се фокусираше на изборите во Македонија. Тој им честиташе на албанските партии кои влегоа во Собранието и ги повика да се борат за еднаквост меѓу Албанците и Македонците и побара програмата на новата влада, која допрва треба да биде формирана, да биде во духот на Охридскиот рамковен договор.