Македонија Во изминативе 24 часа, 12 починати, 161 нов случај и 154 оздравени

Во изминативе 24 часа, 12 починати, 161 нов случај и 154 оздравени

Фото: Арбнора Мемети

Во изминатите 24 часа во земјава 12 пациенти починале со симптоми на ковид-19, откриени се 161 нов случај од 771 направени тестови, а 154 пациенти оздравеле, соопшти Министерството за здравство.

Од новодијагностицираните, најголемиот број, како што беше случај и во изминатиов период, се луѓе од Скопје, односно 90. Од Куманово се 11 од новите случаи, Штип – 2, Прилеп – 6, Тетово – 5, Велес – 4, Кавадарци – 2, Гостивар – 15, Струмица – 8, Крива Паланка – 1, Радовиш – 1, Кочани – 3, Пробиштип – 2, Берово – 6, Валандово – 1, Делчево – 2 и Кичево – 2.

Институтот за јавно здравје регистрирал 154 оздравени пациенти, од: Скопје – 62, Куманово – 6, Штип – 4, Прилеп – 6, Тетово – 7, Струга – 4, Велес – 3, Битола – 2, Охрид – 3, Кавадарци – 5, Гостивар – 5, Гевгелија – 2, Струмица – 10, Радовиш – 4, Кочани – 12, Пробиштип – 6, Пехчево – 2, Берово – 3, Валандово – 4, Свети Николе – 2 и Кичево – 2.

Починати се 12 лица, седум пациенти од Скопје (41, 56, 57, 82-годишни и двајца 86-годишници), пациент од Струга (67 г. ), од Тетово (85 г.), од Битола (68 г.), од Кавадарци (56 г.) и пациент од Прилеп (63 г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-19-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.788, бројката на оздравени пациенти е 17.392, на починати е 846, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.550.

Од вчера се спроведува еден контролен тест.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 61 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 230, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Според бројот на активни случаи по општини на територијата на Скопје и околината, предничи Аеродром со 534 случаи. По него се Карпош со 446 и Центар со 445 активни случаи на ковид-19.