Економија ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата е виновна за намалување на кредитниот рејтинг

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата е виновна за намалување на кредитниот рејтинг

СДСМ знае дека преку буџетот не се финансираат ниту панорамското тркало ниту „Рајската градина“, но лажењето е прв предмет кој го учат експертите од економската школа „Вице Заев“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за задолжувањата на владата.

Во него исто така се додава дека „со деструкцијата и манипулациите СДСМ се обидува да им нанесе штета на граѓаните.“

„Впрочем, и светските агенции за мерење на кредитниот рејтинг јавно обзнанија дека кризата која ја создаде СДСМ и целокупната активност на опозицијата преку манипулирање и лаги, се причинители за намалувањето на кредитниот рејтинг на државата,“ се додава меѓудругото во соопштението.