Свет Балкан Средба на Бајден со косовскиот претседател Хашим Тачи

Средба на Бајден со косовскиот претседател Хашим Тачи

Потпретседателот на САД во заминување, Џо Бајден, денеска се сретнал со претседателот на Косово, Хашим Тачи, соопштија од кабинетот на Бајден во Вашингтон.

Бајден, како што се наведува, на средбата истакнал дека САД и понатаму остануваат подготвени да продолжат да го помагаат развојот на Косово и целосната интеграција на земјата во меѓународната заедница.

Тој уште еднаш ја повикал владата во Приштина да го продолжи дијалогот со Србија, како и примената на реформите неопходни за борбата против корупцијата и за економскиот развој на Косово.

На американскиот потпретседател Џо Бајден мандатот му истекува на 20 јануари.