Македонија Шест дена откако заминаа, ВМРО-ДПМНЕ информира дека нивни градоначалници се во САД

Шест дена откако заминаа, ВМРО-ДПМНЕ информира дека нивни градоначалници се во САД

Претходно, Мета.мк објави дека градоначалниците на Аеродром и на Кисела Вода, Тимчо Муцунски и Орце Ѓорѓиевски кои од 6 до 16 септември се на работна посета во Вашингтон, на социјалните мрежи споделуваат објави како да се физички присутни во земјава

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Шест дена откако заминаа за САД, опозициската ВМРО-ДПМНЕ информираше дека тројца градоначалници од партијата учествуваат во програмата за меѓународни лидери на Владата на САД.

Претходно, Мета.мк објави дека градоначалниците на Аеродром и на Кисела Вода, Тимчо Муцунски и Орце Ѓорѓиевски кои од 6 до 16 септември се на работна посета во Вашингтон, на социјалните мрежи споделуваат објави како да се физички присутни во земјава.

Од ВМРО-ДПМНЕ дури денеска информираа дека Муцунски, Ѓеорѓиевски и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, на покана на Амбасадата на САД учествуваат во програма за меѓународни лидери на Стејт департментот.

„Во рамките на нивната посета тие остварија повеќе средби со високи претставници на Стејт Департмент, бизнис заедницата како и тинк-тенк организации во Вашингтон. Клучна тема во нивните разговори беше потребата од засилена борба против корупцијата во Македонија. Во следните денови тие ќе ги посетат градовите Питсбург и Феникс каде со свои соговорници од локалната власт во овие градови ќе дискутираат за создавањето на добри практики во работата на локалната самоуправа“, се вели во соопштението.

Инаку, во работната посета на САД се и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како и градоначалниците на Крушево и Гостивар, Томе Христоски и Арбен Таравари.

Градоначалници во посета на САД, Муцунски и Ѓорѓиевски споделуваат фотографии како да се овде