Македонија Шаќири-Галовеј: Британската амбасада со постојана поддршка во процесот на реформа на јавната...

Шаќири-Галовеј: Британската амбасада со постојана поддршка во процесот на реформа на јавната администрација

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска оствари работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј.

На средбата, министерот Шаќири изразил задоволство од успешната соработка меѓу Британската амбасада и МИОА и за континуираната поддршка во процесот на реформа на јавната администрација, со оглед на тоа што британската експертиза и помош се од исклучително значење.

„Воедно беше изразена благодарност за британската поддршка и во процесот за развивање на електронски услуги, непосредно или преку други партнери и невладини здруженија, како и за поддршката во однос на стручното усовршување на вработени од МИОА, за сајбер безбедност. Министерот Шаќири и амбасадорката Галовеј се согласија дека меѓусебната успешна соработка ќе продолжи и понатаму со конкретни чекори, со цел овозможување професионална администрација која ќе работи транспарентно и професионално и ќе биде вистински сервис на граѓаните,“ се вели во соопштението на МИОА.