Главна секција Регистрирани се нови 78 случаи на ковид-19, починаа 4 лица, а оздравени...

Регистрирани се нови 78 случаи на ковид-19, починаа 4 лица, а оздравени се 40 пациенти

Во последните 24 часа се направени 860 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-28, Куманово-5, Дебар-4, Прилеп-8, Тетово-4, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-8, Радовиш-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-4, Делчево-3, Кичево-3, Неготино-2, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму соопштуваат дека починати се четири лица, двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73 годишна пациентка од Тетово. Од нив двајца се починати во, а еден вон болнички услови. Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти, каде вкупно се хоспитализирани 74 пациенти. Нема пациенти на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 39 пациенти.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 позитивни, три мајка и три деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 63 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 103, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.673,  а бројката на оздравени пациенти е 10.150. Починаа 568 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.995.