Македонија Регистрирани нови 139 случаи на ковид-19, почина едно лице, а оздравеа 239...

Регистрирани нови 139 случаи на ковид-19, почина едно лице, а оздравеа 239 пациенти

Infectious Diseases and Febrile Conditions Clinic in Skopje. Photo: Arbnora Mehmeti, Meta.mk

Во последните 24 часа се направени 1627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во и тоа: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Берово-1, Делчево-1, Свети Николе-6, Кичево-4, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму соопштија дека починат е еден пациент од Охрид на 66 годишна возраст починал во болнички услови. Од Институтот за јавно здравје пак, денеска регистрираат 239 оздравени пациенти од: Скопје-132, Куманово-22, Дебар-8, Штип-14, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1, Битола-7, Кавадарци-3, Гостивар-2, Кочани-3, Демир Хисар-4, Делчево-3, Свети Николе-23, Кичево-6, Неготино-1.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти, каде вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. Нема пациенти на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 27 пациенти.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 деца позитивни на вирусот, и 6 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 73 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 137 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.217, бројката на оздравени пациенти е 8.487, на починати е 530, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.200. Досега во земјата се направени вкупно 119.102 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.