Македонија Регистирани 87 нови случаи на ковид-19, пет починати и 51 излекуван пациент

Регистирани 87 нови случаи на ковид-19, пет починати и 51 излекуван пациент

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - Скопје | Фото: Арбнора Мехмети, Мета.мк

Во последните 24 часа направени се 1.156 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-34, Куманово-13, Тетово-8, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-20, Струмица-2, Берово-1, Кичево-3, информираат од Министерство за здравство.

Оттаму додаваат дека во болнички услови починаа пет пациенти, три пациенти од Скопје (49г., 74г. и 72г.), пациентка од Струга (53г.), и пациентка од Берово (57г.)

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравен пациент од: Скопје-35, Куманово-1, Штип-4, Тетово-1, Гостивар-1, Пробиштип-2, Кратово-1, Свети Николе-6.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти, каде вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. Нема пациенти на механичка вентилација, додека пак на кислородна поддршка се 43 пациенти.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 7 деца позитивни на вирусот, и еден пациент суспектен на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 78 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.739, а бројката на оздравени пациенти е 9.174. Досега починаа 544 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.021. Денес се евидентира еден контролен тест.