Економија Пратениците денеска на пленарна седница ќе расправаат за предлог-ребалансот на буџетот

Пратениците денеска на пленарна седница ќе расправаат за предлог-ребалансот на буџетот

Собранието денеска во рамки на 117. седница треба да почне расправа за новиот ребаланс на буџетот за 2016 година, кој се предлага за да се обезбедат 36,4 милиони евра за целосно обесштетување на штетите од поплавите од 6 август годинава.

Со новиот ребаланс на буџетот, дефицитот ќе се зголеми од 3,6 на 4 проценти од домашниот бруто-производ (БДП) и од 344,4 милиони евра се зголемува на 375,9 милиони евра.

Опозицијата има различно видување од власта за тоа од каде треба да се обезбедат парите за обесштетување без да се зголеми дефицитот во буџетот и според нив, Владата ќе требаше да се откаже само од 1,2 отсто од вкупните расходи во буџетот и ќе ги обезбедеше овие пари.