fbpx

Николов: Да се откажевте од 1,2 отсто од расходите, ќе обезбедевте 36,4 милиони евра

-

Опозицијата има различно видување од власта за тоа од каде треба да се обезбедат 36,4 милиони евра, кои треба да послужат за обесштетување на граѓаните од поплавените подрачја, изјави претседателот на собраниската Комисија за финансирање и буџет, Марјанчо Николов од СДСМ, на денешната расправа за ребалансот на буџетот.

– За да се обезбедат овие 36 милиони евра без да се зголеми дефицитот во буџетот Владата, ќе требаше да се откаже само од 1,2 отсто од вкупните расходи во буџетот. Да скратевте само 1,2 отсто од стоки и од услуги, од купување мебел и возила, опрема и машини, ќе имаше доволно пари за обесштетување на граѓаните без нови задолжувања – изјави Николов.

Според него, погрешна е политиката и начинот на кој власта решила да направи ребаланс.

– Ние, како опозиција, имаме предложено 11 амандмани. Со овие амандмани предлагаме во одредени ставки да се скратат вкупно 27 милиони евра за да се намали буџетскиот дефицит, а во исто време да се обезбедат пари за обесштетување на граѓаните погодени од поплавите – додава Николов.

Тој предлага државата да се откаже од парите предвидени за барокните градби, пет милиони евра предвидени за реклами, од министерството за транспорт и врски да се скратат парите наменети за плажи, да се скратат средствата од жичницата и од зградата на министерството за транспорт и врски, парите за рајската градина и за панорамско тркало.

Николов побара на неделна основа да се објавува списокот на сите граѓани во чии домови е извршена проценка на штетата и во чии домови отштетата е исплатена.

– Ова го правиме за да спречиме каква било злоупотреба на помошта. Сведоци сме дека и авансната помош од 500 евра сè уште не е исплатена, иако денеска поминува една недела од првичниот рок што си го даде владата, дека сите ќе бидат обесштетени со 500 евра. Денеска поминува една недела, а некои граѓани ги нема и на списокот – додаде Николов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народна банка-ММФ: Денарот е стабилен, инфлацијата под контрола

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменик министерот за финансии, Филип Николоски и вицегувернерот Фадил Бајрами се дел македонската делегација на Пролетните средби на ММФ и Светска банка. На...