Свет Повеќе од 180 лица загинаа на првиот ден од примирјето во Сирија

Повеќе од 180 лица загинаа на првиот ден од примирјето во Сирија

На првиот ден од склученото примирје во Сирија, загинаа повеќе од 180 лица. Од Сирискиот центар за надзор на човековите права соопштија дека половина од лицата загинале во напади на Исламска држава во северните делови на земјата.

Во нападот на ИД врз сирискиот град Тел Абад на границата со Турција, како и врз околните градови и села, убиени се 70 џихадисти, 20 курдски борци и десет цивили.

Во престрелки и во бомбардирања на други места во земјата убиени се вкупно 25 цивили.

Две лица починале во предградието на Дамаск, Дараја, поради тоа што не им била пружена медицинска помош, а едно лице починало како последица на измачувањата во затвор.

Примирјето, поддржано од Русија и од САД, стапи на сила во саботата на полноќ.