Свет Балкан Потпишан меморандум меѓу Македонија и Србија за брз воз од Скопје до...

Потпишан меморандум меѓу Македонија и Србија за брз воз од Скопје до Ниш

Станува збор за железничка мрежа која би ги поврзала Скопје и Ниш и би поддржала пат со брзи возови, кои би се движеле со брзина од најмалку 160 километри на час

Фото: Министерство за транспорт и врски

Денеска во Белград беше потпишан меморандум од страна на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, и српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ, за изградба на железничка мрежа со високи перформанси на Коридорот 10.

Станува збор за железничка мрежа која би ги поврзала Скопје и Ниш и би поддржала пат со брзи возови, кои би се движеле со брзина од најмалку 160 километри на час.

За Македонија ова ќе значи изградба на околу 50 километри пруги – од Скопје до граничниот премин Табановце, како и нова железничка линија до Меѓународниот аеродром Скопје. Србија ќе има должност да обезбеди соодветна пруга на релација Ниш-Прешево, во должина од околу 135 километри.

Потпишувањето на овој меморандум беше дел од работната посета на премиерот Димитар Ковачевски во Белград, на која беше придружен од министерот за транспорт и врски и од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

На средбата меѓу Ковачевски и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ се разговарало за претстојните активности меѓу двете земји, со акцент на инфраструктурни и економски планови и проекти. Ковачевски го поздравил одржувањето на вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград, на кој, меѓу другото, се промовирало и македонскиот вински потенцијал и квалитет.

„Тргнува“ пругата за брзи возови, утре ќе се потпишува договор со Србија