Свет Балкан Одложен тридневниот штрајк на грчката железница

Одложен тридневниот штрајк на грчката железница

Грчките железничари одлучија да го одложат најавениот тридневен штрајк, кој почна денеска. Штрајкот кој требаше да трае до среда на полноќ, ќе се одвива само денеска, а од утре ќе се нормализираат патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државата.

Одлуката за одложување на штрајкот ја донесоа двата синдикати на вработените во грчката железница по денешната средба со претставници на Фондот за приватизација. За четврток е најавена нова средба со претставниците на Фондот, а синдикатите в петок ќе одлучат кои ќе бидат нивните следни чекори.

На денешниот состанок вработените биле известени дека грчката железница ќе премине во рацете на италијанската државна железница кон крајот на годинава.

Вработените реагираат против продажбата на грчката државна компанија за 45 милиони евра на италијанската железница и бараат да потпишат колективни договори со кои ќе имаат загарантирани подобри работнички права и ќе бидат заштитени од отпуштање.

Грчката железница штрајкува речиси еден месец. Штрајкот почна со тридневни прекини на работата секоја недела, а ескалираше со 12-дневен штрајк минатата недела.