Свет Европа Обама и Меркел: Исклучително е важно Грција да остане дел од еврозоната

Обама и Меркел: Исклучително е важно Грција да остане дел од еврозоната

Претседателот на САД, Барак Обама, и германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска имале телефонски разговор и се согласиле дека е исклучително важно да се најде начин Грција да остане во еврозоната, соопштија од Белата куќа.

„Лидерите изјавија дека нивните економски тимови внимателно ја следат ситуацијата и ќе останат во тесна врска“, се вели во соопштението на Белата куќа.