Главна секција Нови 150 случаи на ковид-19, оздравеле 30 пациенти, починаа 9 лица

Нови 150 случаи на ковид-19, оздравеле 30 пациенти, починаа 9 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направени 1.086 тестирања, регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19 од кои во: Скопје  93, Тетово 12, Охрид 9, Куманово 7, Кичево 8, Ресен 5, Прилеп 4, во Штип, Струга и Гостивар по 3, а во Битола, Кочани и Неготиво по 1 нов случај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти од кои во Скопје се 21, во Штип 3 и Тетово по 3, Прилеп 2 и во Битола 1.

Починаа 9 лица, шест пациенти од Тетово и тројца од Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 79 години. Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, на 58 и 81 година и пациент од Тетово на 58 години. Во Тетово починаа пет лица на возраст од 63, 60, 77, 72 и 69 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.906, оздравени се вкупно 2.236, починати има 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.393. Од вчерашните тестирања, два се контролни, најмногу активни на ковид-19 има во Скопје 1.931, Тетово 374 и Куманово 276.

Направените 1.086 теста, а на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 100. На кислородна поддршка се 46, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 4 деца позитивни и сомнителни на ковид-19 и 17 возрасни, позитивни пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, а вкупно се хоспитализирани 133 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во Штип 30 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп има 75 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Од активни случаи по општини, најмногу има во Чаир 421, Аеродром 147, Бутел 137, Гази Баба 151 и во Центар 127.