Македонија Не може да постои незаконитост и селективна правда, порача Орав

Не може да постои незаконитост и селективна правда, порача Орав

Евроамбасадорот, Аиво Орав на „Твитер“, порача дека не може да има селективна правда и дека сите помилувања треба да се повлечат.

„Помилувањата мора да се укинат. Не може да постои незаконитост и селективна правда“, напиша Орав.

Брисел исто така порача дека сите помилувања од претседателот мора неодложно да се отповикаат за да се зачува принципот на одговорност, да се обезбеди еднаков третман пред законот, за да се отстрани загриженоста за незаконитоста и за да се избегне селективната правда.

Денеска, претседателот, Ѓорге Иванов ги поништи помилувањата за политичарите, односно за 22 лица од вкупно 56, колку што беа аболирани на 12 април. Другите, кои не се опфатени со денешната одлука, рече Иванов, имаат можност да поднесат лични барања за повлекување на помилувањето.