fbpx

Коцијанчич: Иванов мора неодложно да ги отповика сите помилувања

-

Брисел одблизу ја следи ситуацијата во земјава и повторуваме дека е потребно да се повлече аболицијата за сите лица, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич на прашање на „Мета“, како ја коментираат одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за парцијално повлекување на аболицијата.

– Ние постојано ја повторувавме позицијата на ЕУ за тоа што треба да се направи и таа е многу јасна: Сите помилувања од претседателот мора неодложно да се отповикаат за да се зачува принципот на одговорност, да се обезбеди еднаков третман пред законот, за да се отстрани загриженоста за незаконитоста и за да се избегне селективната правда – рече Коцијанчич.

Денеска, претседателот, Ѓорге Иванов ги поништи помилувањата за политичарите, односно за 22 лица од вкупно 56, колку што беа аболирани на 12 април. Другите, кои не се опфатени со денешната одлука, рече Иванов, имаат можност да поднесат лични барања за повлекување на помилувањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...