Свет Најмалку 51 загинат во Пакистан и 19 во Авганистан во силниот земјотрес

Најмалку 51 загинат во Пакистан и 19 во Авганистан во силниот земјотрес

Најмалку 51 лице загинале во Пакистан, а според медиумските извештаи, уште 20 луѓе ги загубиле животите во Авганистан, во силниот земјотрес што утрово ги погоди северните делови на Пакистан, Авганистан и на Индија, јавува „Би-Би-Си“.

Земјотресот бил со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил во планините во регионот Хинду Куш, на длабочина од 212 километри, соопшти геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави (САД).

По силниот потрес, зградите во главните градови на сите три држави веднаш биле евакуирани.

Во авганистанската провинција Такар, како што пренесува „Би-Би-Си“ повикувајќи се на новинските извештаи, во стампедо што настанало поради потресот, 12 ученици загинале, а уште 25 биле повредени.

Според болнички извори, уште пет лица загинале во градот Џалалабад, на истокот на Авганистан.

Најголем дел од жртвите во Пакистан се регистрирани на северот на земјата.